Почна изградбата на технолошко-индустриската развојна зона во Општина Ранковце. Во оваа зона на површина од 40 хектари предвидена е изградба на 18 градежни парцели организирани во два блока, а за изградбата на внатрешната патна, водоводна, канализациска и телекомуникациска инфраструктура Владата ќе инвестира околу 12 милиони евра. Локацијата на зоната е неслучајно избрана. Во близина се повеќе градови од североисточниот дел на земјата со многу жители кои можат да одговорат на потребите и барањата на инвеститорите за работна сила од најразличен карактер. Во близина се границите со Србија и Бугарија, а на околу 70 километри од аеродромот „Александар Велики", во близина на зоната поминува Коридорот 8, тука е магистралниот пат, но и железничката линија кон Бугарија. Сето тоа им нуди можност на потенцијалните инвеститори да бидат одлично поврзани и да можат да извезуваат со брз и ефикасен транспорт кон нивната посакувана дестинација, рече премиерот Груевски.
Почна изградбата на технолошко-индустриската развојна зона во Општина Ранковце.
Во оваа зона на површина од 40 хектари предвидена е изградба на 18 градежни парцели организирани во два блока, а за изградбата на внатрешната патна, водоводна, канализациска и телекомуникациска инфраструктура Владата ќе инвестира околу 12 милиони евра.
„Локацијата на зоната е неслучајно избрана. Во близина се повеќе градови од североисточниот дел на земјата со многу жители кои можат да одговорат на потребите и барањата на инвеститорите за работна сила од најразличен карактер. Во близина се границите со Србија и Бугарија, а на околу 70 километри од аеродромот „Александар Велики", во близина на зоната поминува Коридорот 8, тука е магистралниот пат, но и железничката линија кон Бугарија. Сето тоа им нуди можност на потенцијалните инвеститори да бидат одлично поврзани и да можат да извезуваат со брз и ефикасен транспорт кон нивната посакувана дестинација", рече премиерот Груевски.
Тој додаде дека изградбата на зоната ќе значи предуслов за нови инвестиции и отворање на нови работни места.
Досега во функција се двете зони во Скопје и Штип, а во тек се градежните активности во зоните во Кичево, Гевгелија, Прилеп, Струмица и Битола. Во фаза на подготовка се документите за отпочнување со градба и на зоните во Радовиш, Струга, Делчево, Виница и Берово.